BI4SME е КА2 Еразмус+ проект кој трае од февруари 2022 година и ќе трае до август 2024 година.

Деловната интелигенција (ДИ) е збир на корисни технолошки алатки и практики кои ги олеснуваат процесите на информирано донесување одлуки. Бизнисите кои применуваат „научни“ техники за управување, како што се оние базирани на податоци, ја подобруваат ефикасноста на нивното работење и поттикнуваат иновации. Сепак, според извештајот на Европската Унија „Забрзување на дигиталната трансформација на европската индустрија и претпријатија“, микро и малите и средни претпријатија (МСП) сè уште заостануваат во дигиталните технологии и се соочуваат со проблеми како што се претерано голем обем на податоци, недостаток на информации и недостаток на знаење во овој поглед. Ова се случува најмногу затоа што системите за деловна интелегенција се тешки за ракување, тие бараат значително финансирање, а најчесто малите и средните претпријатија немаат специјализиран ИТ оддел со соодветни вештини за управување со него и се управувани од сопственици кои можеби немаат напредно технолошко знаење. Имајќи ги предвид овие работи, BI4SME произлегува од амбицијата да придонесе кон овие нови предизвици преку развивање на интегрирана стратегија за обука за прифаќање на вештините за деловна интелигенција од страна на МСП. Овој проект ќе ги подобри вештините и ќе имплементира нови алатки кои се приспособени за професионалци кои не се ИТ со цел да се обезбеди иновативно искуство за учење на вештините за деловна интелигенција приспособени конкретно за персоналот.

Цели на проектот : 

– Развивање на интегрирана стратегија за обука за прифаќање на вештините за деловна интелигенција од страна на МСП;               

 – Демократизирање на технологијата за деловна интелигенција за поттикнување на конкурентноста и растот на малите и средните претпријатија низ Европа           

Резултати од проектот : 

– BI4SME Основен пакет на знаење;       

– Модул за обука за вештини за ДИ со содржини и алатки;   

 – Онлајн курсеви за BI4SME

Целни групи : 

– Европски претприемачи, главно од мали и средни претпријатија и старт-ап;

– Здруженија на мали и средни претпријатија и почетни инкубатори; – Претприемачи во рана фаза;

– Магистри по бизнис администрација (МБА) и неодамна дипломирани студенти;

– Виши училишта и универзитети со мастер студии по бизнис администрација;

– Центрите за стручно образование и обука фокусирани на технички кариери, како што се компјутерски науки, деловна интелигенција, големи податоци итн.;

– Здруженија на училишта за стручно образование и обука